Објавено на:

Интересот пред санкциите: Британија ќе купува нафта од Русија и по забраната за увоз?

t

Постојат дупки во антируските санкции кои им овозможуваат на британските власти да продолжат да купуваат гориво од Русија дури и откако забраната за увоз веќе стапи на сила, објави The Times.

Весникот пишува дека земјата сега се соочува со недостиг од капацитети за преработка на нафта. Увозот на руски дизел сочинува една петтина од дизел горивото што го користи Британија секоја година. Голема е можноста и покрај сите санкции, по воведувањето на ембаргото, сепак да се увезува од трети земји.

Според The Times, од почетокот на руската специјална операција, британските власти од Русија купиле седум милиони барели дизел гориво во вредност од 800 милиони фунти (околу 960 милиони долари). Пристаништата во земјата добија пет од нивните пратки во април, по што следеа четири во мај и една во јуни.

Според Ајај Пармар, аналитичар во консултантската куќа ICIS, цената на горивото ќе се зголеми во зима доколку не се надополнат залихите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руската независна „Новаја газета“ престанува со работа…

„Новаја газета“, еден од историските симболи на…

САД бараат од балтичките сојузници да не…

Официјални лица од Пентагон во последните недели…

„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…

„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…

Вучиќ: Никогаш не сакавме да воведеме санкции…

Српската напредна странка денеска ја слави својата…

„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…

Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…