Објавено на:

Интернетот се врати во Иран по тримесечна блокада

t

Пристапот до интернет во Иран почна да се обновува по речиси тримесечна блокада, изјави првиот потпретседател на земјата. Иранската влада го суспендираше пристапот до интернет по нападите на САД и Израел на 28 февруари, а официјалните лица како причина го наведоа спречувањето на надзор, шпионажа и сајбер напади, пишува Би-би-си.

„Првиот чекор кон слободен и регулиран пристап до сајбер-просторот е направен“, објави првиот потпретседател Мохамед Реза Ареф во вторник на социјалната мрежа „Икс“.

Организациите за следење на интернет Нетблокс и Кентик објавија „делумно“ враќање на поврзаноста околу 15 часот денеска, но Кентик предупреди дека повеќето мрежи сè уште се недостапни.

Ова е едно од најдолгите регистрирани национални исклучувања на интернет во светот.

„Претходните дигитални блокади во Иран покажаа дека процесот на закрепнување може да трае со часови и не е толку едноставен како процесот на исклучување“, изјави Исик Матер, директор за истражување во Нетблокс, за Би-би-си.

Пред оваа блокада, Иран имаше целосен пристап до интернет само околу еден месец, по претходниот прекин што беше воведен за време на смртоносното задушување на антивладините протести во јануари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Храната поскапи за 128% – Иранската валута…

Иранската валута e на рекордно ниска вредност.…

Катар тврди дека сè уште посредува меѓу…

Катар продолжува да посредува и да пренесува…

Арагчи: Отворени сме за преговори, но подготвени…

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи…

Трамп демантира дека му понудил на Иран…

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера ги отфрли…

Хаменеи: „Непријателските сили“ ќе бидат протерани од…

Иранските сили ги потиснале „непријателските сили“ од…