Објавено на:

Инфлацијата во април зголемена за 0,7 проценти во однос на март

t

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април во однос на март изнесува 0,7 проценти, а цените на мало се зголемени за 1,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.

Зголемувањето на инфлацијата е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во транспортот за 2,8 проценти, комуникации за 1,6 проценти, храна и безалкохолни пијалаци, облека и обувки за 0,9 проценти, рекреација и култура, ресторани и хотели за 0,6 проценти, разновидни стоки и услуги за 0,4 проценти и здравје за 0,2 проценти.

Намалување на трошоците на животот е забележано во групите мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,5 проценти и домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,2 проценти.

На исто ниво останале трошоците на животот во групите алкохолни пијалаци, тутун и наркотици и образование.

Цените на мало во април во однос на март се зголемени за 1,1 процент.

Во однос на април лани, трошоците на живот се зголемени за четири проценти, а цените на мало за 3,5 проценти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На граничниот премин Прешево спречен шверц на…

Српските цариници на граничниот премин Прешево со…

Мојсоска: Македонскиот народ пати од кратка меморија,…

Македонскиот народ пати од кратка меморија. Македонскиот…

Петров ги подбра пратениците на СДСМ: Срам…

Срам ме изеде што денеска никој од…

(Документи) Ова се пратениците кои се потпишаа…

„Трета опција“ ги сподели потписите од пратениците…

Според Крмов, Гаши ќе биде полош спикер…

Во денешниот собраниски говор, пратеникот Борислав Крмов…