Објавено на:

Инфлацијата во САД порасна на 3,3% поради растот на цените на нафтата

t

Годишната инфлација во САД достигна 3,3%, со најголем месечен раст во последната година, под силно влијание на растот на цените на нафтата и геополитичките тензии.

Американската економија повторно чувствува притисок од глобалните настани. Годишната инфлација се искачи на 3,3%, додека индексот на потрошувачки цени во март пораснал за 0,9 процентни поени во однос на февруари – највисок месечен раст од мај 2024 година.

Главниот двигател на поскапувањата е енергетскиот сектор. Цената на нафтата во текот на месецот често ја надминуваше границата од 100 долари за барел, поради нестабилноста и ограничувањата во Ормускиот теснец – клучна рута низ која поминува околу една петтина од глобалната трговија со нафта.

Тоа директно се прелева и врз горивата. Цените во САД пораснале за 10,9%, додека бензинот е поскап за 21,2% на годишно ниво. Просечната цена веќе ја надмина границата од 4 долари по галон, а во одредени сојузни држави достигнува и значително повисоки нивоа – речиси 6 долари во Калифорнија.

Но ефектите не застануваат кај пумпите. Поскапото гориво ги зголемува транспортните трошоци, што пак се рефлектира врз цените на авио-билетите, кои пораснале за 2,7%. И цената на електричната енергија бележи раст, иако поблаг – околу 0,8%.

Овие движења постепено се прелеваат и во секојдневниот живот. Храната бележи раст од 1,9% на годишно ниво, а услугите исто така поскапуваат, што директно ја намалува куповната моќ на граѓаните.

Експертите предупредуваат дека инфлацискиот притисок може да продолжи доколку не се стабилизира геополитичката состојба. Во спротивно, ценовниот шок од енергијата би можел да стане долгорочен проблем, а не само краткорочна реакција на кризата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дурмиши: Инфлацијата е стабилизирана

Инфлацијата во земјава е стабилна и инфлаторните…

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…

САД им се заканија на Германија и…

Владата на САД ги предупреди Германија и…

Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…

Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…

Трамп најави планови за јужнокорејски инвестиции од…

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави…