Инцидент во Белград: Малолетник се заканувал дека ќе ги убие соучениците, интервенирале полиција и брза помош!
Вчера во училиште во општина Сурчин се случил тежок инцидент во кој ученик се заканувал дека ќе ги убие своите соученици и класниот раководител.
Момчето (15) наводно дошло на училиште и се степало со другарите. Потоа им се заканил дека ќе ги убие, а тие зборови му ги упатил и на својот соученик.
По овој инцидент момчето го напуштило училиштето.
Интервенирала полицијата, но и Брзата помош која го пренела во соодветната здравствена установа.
По извршениот преглед бил приведен во полициска станица Сурчин каде во соработка со Одделението за малолетничка е поднесена кривична пријава за загрозување на безбедноста.
Во овој инцидент нема повредени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Полицајци во Белград кршеле прозорци за…
Двајца полициски службеници ризикувале сопствената безбедност за…
Уапсен поранешен српски министер на аеродромот во…
Поранешниот министер за економија и поранешен директор…
(Видео) Цистерна и комбе се судрија кај…
Цистерна и комбе утрово се судрија на…
Универзитетот во Белград алармира: БИА речиси една…
Универзитетот во Белград изрази загриженост поради сознанијата…
(Видео) Малолетник нападна полицаец со два ножа…
Малолетник од Шабац е убиен ноќеска пред…