Иранската армија тврди дека ги обновила сите оштетени вооружени системи
Сите вооружени системи што беа оштетени за време на војната се целосно обновени, а дополнително се набавени и нови системи, соопшти денеска иранската армија.
Портпаролот на армијата, Мохамад Акраминија, за државната телевизија изјави дека презеле значајни мерки за обновување и повторно распоредување на оштетената опрема, што дополнително ги зајакнало нивните борбени способности. Тој појасни дека дел од новите системи се обезбедени преку домашната одбранбена индустрија, додека други се увезени од странство. Акраминија, исто така, истакна дека превентивниот напад, заснован на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации, претставува легитимна мерка кога се почитуваат принципите на пропорционалност и неопходност.
Војната на Блискиот Исток започна кон крајот на февруари со заеднички напади на САД и Израел врз Иран, по што Техеран возврати со напади врз сојузничките држави на Вашингтон во регионот. Иако со прекинот на огнот во април се стави крај на речиси 40 дена интензивни судири, повремените инциденти, главно во близина на Ормуска Теснина, ги намалија шансите за постигнување траен мировен договор
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран тврди дека сè уште ја контролира…
Иран ја задржува иницијативата во Ормускиот теснец,…
Стотици илјади Иранци изразија подготвеност да се…
Стоици илјади Иранци денеска учествуваа на владиниот…
Мерц го повика Иран да не го…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска го повика…
Пентагон призна: Војната со Иран ги намали…
Пентагон за првпат официјално призна дека војната…
Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…
Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…