Иранскиот министер за надворешни работи се врати во Пакистан иако Трамп ја откажа мисијата
Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи, денес повторно пристигна во Пакистан, на состанок со медијаторите, откако претходно беше на средба со посредниците во Оман.
Арагчи требаше во Исламабад да се сретне со американските претставници за втората рунда мировни преговори, но тие не се појавија во Пакистан. И Техеран и Вашингтон покажаа мала подготвеност да ги омекнат своите услови, оценува Ројтерс.
Белата куќа во петокот објави дека претставниците Стив Виткоф и Џаред Кушнер ќе преговараат со иранската страна во Пакистан, а кратко по пристигнувањето на Арагчи, американскиот претседател Доналд Трамп ја откажа мисијата поради, како што рече, недостаток на напредок со Иран.
Трамп минатата недела го продолжи на неодредено време примирјето што САД и Иран го договорија на 7 април, кое во голема мера ги запре борбите што започнаа на 28 февруари.
Арагчи денес разговараше и по телефон со колегите во Катар и Саудиска Арабија.
Иранското министерство за надворешни работи соопшти дека уште пред патувањето во Исламабад сите разговори ќе бидат индиректни и дека пакистанските претставници ќе дејствуваат како посредници, што ја одразува претпазливоста на Техеран по рундите индиректни разговори минатата година и претходно оваа година што завршија со американско-израелски напад врз Иран.
Заедничката воена команда на Иран вчера предупреди дека „доколку САД продолжат со своите агресивни воени дејствија, вклучувајќи поморски блокади, бандитизам и пиратство, ќе се соочат со силен одговор“.
Трамп вчера им рече на новинарите дека Иран испратил „многу подобар“ предлог во рок од 10 минути по откажувањето на патувањето на Виткоф и Кушнер во Исламабад, но не даде повеќе детали.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Америка крие тела на четири вида вонземјани,…
Научник, кој со децении работел со програмата…
Долгот на САД за првпат надмина 40…
Јавниот долг на САД за првпат ја…
Трамп ја најави „најсуровата економска операција“ против…
Американскиот претседател Доналд Трамп најави нова кампања…
НАТО до Иран: „Подготвени сме да се…
НАТО испрати јасна порака до Техеран дека…
Венецуела половина од произведената нафта ја испорачува…
Околу половина од нафтата што моментално се…