Објавено на:

Иранскиот министер за надворешни работи го напуштил Исламабад без средба со американски претставници

t

Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, ја напуштил Пакистан без да оствари средба со американски претставници, пренесува Асошиејтед прес повикувајќи се на двајца пакистански функционери.

Високи пакистански претставници биле присутни на аеродромот во близина на Исламабад за да го испратат. Тие зборувале под услов да останат анонимни, бидејќи не биле овластени да комуницираат со медиумите.

За време на посетата, Арагчи се сретнал со премиерот Шехбаз Шариф, како и со началникот на армијата, фелдмаршал Асим Мунир, и други високи функционери. На средбите се разговарало за повеќе прашања, вклучително и за „црвените линии“ на Иран во тековните преговори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хакери ја пробиле главната клауд-платформа на американското…

Хакери ја пробиле главната клауд-платформа на Военото…

Ердоган го ратификува договорот за заедничка одбрана…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган официјално го…

Американски милијардер ја презема меѓународната империја на…

Конзорциум предводен од американскиот милијардер Тод Боли…

САД одобрија можна продажба на опрема за…

Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…

Маск го удвои ветувањето: Секое дете во…

Илон Маск, најбогатиот човек во светот, објави…