Иранскиот претседател му се заблагодари на Путин за ставот за време на војната
Рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан се сретнаа во вторникот, за првпат во живо од почетокот на војната меѓу Иран и САД. Средбата се одржа на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка во Киргистан.
Пезешкијан му се заблагодари на Путин за ставот на Русија за време на војната.
Иранскиот претседател истакна дека Москва го задржала својот став во секоја фаза од конфликтот.
„Русија беше со нас во секоја фаза – и додека траеја борбите и непријателските дејствија, но и во нормални околности, кога САД ни воведоа санкции“, изјави Пезешкијан.
Според соопштението од кабинетот на иранскиот претседател, двајцата лидери разговарале за „состојбата на билатералните односи“, како и за начините за „зајакнување и проширување на соработката во повеќе области“.
Шангајската организација за соработка ги обединува Кина, Белорусија, Индија, Иран, Пакистан, Русија и четири централноазиски држави.
На првиот ден од самитот, во понеделникот, Путин се сретна и со кинескиот претседател Си Џинпинг. Двајцата лидери ги истакнаа добрите односи меѓу Русија и Кина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руските власти го уапсија главниот уредник на…
Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…
Руте разговарал со Зеленски за важноста од…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Млада лаборантка почина од чума во Русија,…
Жена почина од белодробна чума во регионот…