Објавено на:

Ирански пратеници бараат земјата да поседува нуклеарно оружје

t

Седумдесет и еден од вкупно 290 ирански пратеници бараат Иран да поседува нуклеарно оружје поради воените тензии со Израел.

Тие испратија писмо до Врховниот совет за национална безбедност во кое бараат преразгледување на одбранбената доктрина поради сменетата ситуација во регионот.

Пратениците истакнуваат дека светот се променил, наведувајќи дека Израел е „на работ на лудило“ и напаѓа „без оглед на меѓународните обврски“. Според нив, поседувањето нуклеарно оружје за одвраќање нема да го прекрши декретот на ајатолахот Али Хамнеи, кој е највисок политички и религиозен авторитет во Иран.

Иран со години нагласува дека не се стреми да се здобие со нуклеарно оружје. Техеран често се повикува на фатвата на ајатолахот Хамнеи, со која се забранува развој и употреба на оружје за масовно уништување.

Тензиите се зголемија во јуни кога Израел почна 12-дневна војна против Исламската Република, на која се придружија и САД, напаѓајќи ги клучните ирански нуклеарни постројки. Конфронтацијата, исто така, ги интензивираше дипломатските спорови меѓу Техеран и западните земји, кои го обвинуваат Иран дека се обидува да се здобие со нуклеарно оружје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Храната поскапи за 128% – Иранската валута…

Иранската валута e на рекордно ниска вредност.…

Катар тврди дека сè уште посредува меѓу…

Катар продолжува да посредува и да пренесува…

Арагчи: Отворени сме за преговори, но подготвени…

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи…

Трамп демантира дека му понудил на Иран…

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера ги отфрли…

Хаменеи: „Непријателските сили“ ќе бидат протерани од…

Иранските сили ги потиснале „непријателските сили“ од…