Иран заработил до шест милијарди долари за еден месец: За време на ублажените санкции извезол 70 милиони барели нафта
Иран извезол околу 70 милиони барели нафта, во вредност од пет до шест милијарди американски долари, за време на периодот кога САД привремено ги ублажиле санкциите кон иранскиот нафтен сектор, објави „Волстрит журнал“, повикувајќи се на податоци од невладината организација „Обединети против нуклеарен Иран“.
Според организацијата, меѓу средината на јуни и средината на јули околу 20 ирански танкери испловиле кон азиските пазари, овозможувајќи значително зголемување на извозот на сурова нафта.
Како што наведува весникот, Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) при американското Министерство за финансии на 22 јуни издала општа лиценца со која привремено се дозволиле производство, снабдување и продажба на иранска нафта и нафтени деривати.
Сепак, ова олеснување траело кратко. На 7 јули, американското Министерство за финансии ја укинало лиценцата, иако првично било предвидено таа да важи до 21 август, со што повторно биле воведени ограничувања за нови активности во иранскиот нафтен сектор.
Според „Волстрит журнал“, привременото ублажување на санкциите му овозможило на Иран за само еден месец да оствари милијардски приходи од извозот на нафта, пред Вашингтон повторно да ја заостри санкциската политика.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МНОЗИНСКИОТ СОПСТВЕНИК ВО „ИЛОВИЦА“ ИНВЕСТИРА НАД МИЛИЈАРДА…
Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата…
ЕУ ПОВИКА МАКЕДОНИЈА ДА СЕ УСОГЛАСИ СО…
Официјален Брисел очекува Македонија да се приклучи…
Приведен 25-годишник од Тетово: Ја нападнал сопругата,…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.…
Храната повторно поскапува во Европа, еве кои…
Цените на храната во Европа повторно почнуваат…
Уапсен Драган Петровски – Штука во полициската…
Голема полициска акција против организирана криминална група…