Иран нема да оди на втора рунда преговори – Трамп се закани: „Ако нема договор, целата земја ќе биде разнесена“
Раководството на Иран не прифаќа да има втора рунда мировни преговори со САД во Пакистан. Иако претходно беше најавено дека тие ќе се одржат во вторник во Исламабад, сепак, иранската државна новинска агенција ИРНА објави дека Иран нема да присуствува на средбата.
Како што пишува агенцијата, Техеран нема да учествува во преговорите поради „претераните барања на Вашингтон, нереалните очекувања, постојаните промени во ставот, повторуваните противречности и трајната поморска блокада“.
Трамп пак, најави дека САД ќе замине на преговорите. Иако на почетокот самиот тој најавуваше дека потпреседателот Џеј Ди Венс нема да ја предови делегацијата, од Белата куќа сепак најавија дека токму Венс треба да замине за Пакистан.
Во интервју за „Фокс њуз“, американскиот претседател Доналд Трамп ја повтори заканата кон Иран: „Ако договорот не се постигне, ако не го потпишат ова, целата земја ќе биде разнесена. Ќе им ги уништиме мостовите и нивните електрани“.
Трамп кажа дека подготвуваат напади „посилни од оние што ги доживеала која било земја досега“ затоа што „не можеле да дозволат Иран да се здобие со нуклеарно оружје“.
Тој претходно посочи дека САД нудат „многу фер и разумен договор“ и дека се надева оти Иран ќе го прифати.
Американските медиуми пак, претходно најавија и можна средба помеѓу претседателите на САД и Иран, Доналд Трамп и Масуд Пезешкијан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Храната поскапи за 128% – Иранската валута…
Иранската валута e на рекордно ниска вредност.…
Катар тврди дека сè уште посредува меѓу…
Катар продолжува да посредува и да пренесува…
Арагчи: Отворени сме за преговори, но подготвени…
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи…
Трамп демантира дека му понудил на Иран…
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера ги отфрли…
Катар ќе има одделни разговори за прекин…
Се очекува катарските медијатори да одржат одделни…