Иран: Нема договор со САД без целосни гаранции дека ќе бидат заштитени нашите права и интереси
Иран нема да прифати никаков договор со САД сè додека не добие целосни гаранции дека ќе бидат заштитени правата и интересите на иранскиот народ, порача претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Бакер Галибаф, кој го предводи и тимот на Техеран во преговорите со Вашингтон.
„Нема да одобриме никаков договор додека не бидеме сигурни дека правата на иранскиот народ се целосно гарантирани“, изјави Галибаф во обраќање емитувано на државната телевизија.
Изјавата доаѓа во период кога се појавија информации дека двете страни се приближуваат кон можен договор. Сепак, американските медиуми објавија дека американскиот претседател Доналд Трамп испратил нова, построга верзија на предлог-договорот до иранските власти.
Според извештаите, Вашингтон бара поцврст став по неколку клучни прашања, меѓу кои е и иднината на иранскиот нуклеарен материјал.
Од иранска страна, како клучни услови се посочуваат укинувањето на американските санкции и одмрзнувањето на иранските средства кои се блокирани во странство.
„Оние кои се борат на дипломатски план не веруваат на зборовите и ветувањата на непријателот“, нагласи Галибаф.
Во меѓувреме, Иран продолжува со строгата контрола на Ормутскиот Теснец, една од најважните светски поморски рути за транспорт на нафта и гас. Техеран најавува дека нема намера да ја промени таа политика, додека САД од 13 април спроведуваат поморска блокада на иранските пристаништа и крајбрежје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стотици илјади Иранци изразија подготвеност да се…
Стоици илјади Иранци денеска учествуваа на владиниот…
Пекинг му одговори на Вашингтон: Не прифаќаме…
Кина остро реагираше на новите американски мерки…
Мицкоски од САД: Ги исполнуваме обврските од…
Ние испорачуваме и го правиме тоа што…
Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави…
Ние испорачуваме и го правиме тоа што…
Белорусија ослободува политички затвореници во замена за…
Белорусија започна нова рунда помилувања на политичките…