Иран обеси студент, обвинет за шпионажа за ЦИА и за Мосад
Иранските власти денеска го егзекутираа Ерфан Шакурзаде, 29-годишен студент во Техеран, под обвинение за шпионажа за американската ЦИА и израелскиот Мосад, објави „Франс24“, според соопштението од официјалниот портал на иранското судство, Мизан Онлајн.
Здружението за човекови права со седиште во Норвешка, Иран Хјуман Рајтс (ИХР), наведува дека младиот човек бил студент на престижниот Универзитет за наука и технологија во Техеран. ИХР го опишува како „одличен студент“ кој, за време на престојот во затвор, бил сместен во самица, систематски мачен и на крајот принуден да даде лажни признанија.
Пред самото погубување, Шакурзаде успеал да испрати последна порака во која решително ги отфрлил сите обвинувања. Тој тврдел дека доказите против него се целосно измислени и дека обвинувањата за соработка со странски разузнавачки служби биле подметнати против него.
Петта егзекуција за шпионажа од почетокот на конфликтот
Ова е веќе петто лице егзекутирано од Техеран по обвинение за шпионажа откако војната меѓу САД и Израел од една страна и Иран од друга страна започна кон крајот на февруари. Со ваквите потези, иранските власти јасно испраќаат остра порака до домашната јавност, од која мнозинството, според аналитичарите, се против исламистичкиот режим.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…
Иран: Развивме подземни комплекси за производство на…
Иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ)…
САД нудат награда од 20 милиони долари…
Соединетите Американски Држави нудат награда до 20…
Иран се заканува со ракетни напади врз…
Ирански пратеници се заканија со ракетни напади…