Објавено на:

Иран повтори дека планира да наплаќа за минување низ Ормутскиот теснец

t

Иран има намера да им наплаќа такси на комерцијалните бродови за минување низ Ормутската Теснина, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Техеран.

Иранските медиуми го цитираа портпаролот Есмаил Багеи кој изјави дека Иран во соработка со Оман работи на „механизми за следење на безбедноста, заштита на животната средина и борба против криминалот на море“.

Таксите и надоместоците ќе се наплаќаат за поморските услуги што им се обезбедуваат на бродовите, објасни тој.

Спорот околу транзитните права во протокот, кој е клучна меѓународна рута за нафта, гас и вештачки ѓубрива, се смета за еден од главните поттикнувачи на неодамнешната ескалација на воениот конфликт меѓу Вашингтон и Техеран, пренесе ДПА.

Пред Соединетите Американски Држави и Израел да ја почнат војната против Иран на 28 февруари, пловидбата низ протокот се одвиваше во голема мера непречено, без патарини или такси за транзит.

Ормуската Теснина на својата најтесна точка мери само околу 39 километри.

Бидејќи Иран и Оман полагаат максимално право на 12 наутички милји (22,2 километри) кои се дозволени според Конвенцијата на Обединетите нации за правото на морето (UNCLOS) како нивни територијални води, во протокот не постојат меѓународни води.

Конвенцијата UNCLOS гарантира право на транзитен премин и забранува блокада на комерцијални бродови. Иран не го прифаќа овој правен став.

Целта на САД е да го вратат транзитот на нафта и гас низ Ормуската Теснина на нивото од пред војната, изјави вчера потпретседателот Џеј Ди Венс.

Багеи одговори и на тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп од вчера, пренесено од Аксиос, дека Вашингтон и Техеран се вовлечени во „шаховска партија“.

– Независно дали зад сцената или пред рефлекторите, Иранците се докажаа како професионални шахисти, изјави портпаролот на иранското МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран повтори дека планира да наплаќа за…

Иран има намера да им наплаќа такси…

САД се подготвени да го зголемат економскиот…

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп,…

Ирански медиум тврди: Моџтаба Хамнеи може да…

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи,…

Трамп: „Неверојатно дволичниот“ Иран молеше за разговори,…

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изјави…

Трамп: Иран има последна шанса за мировен…

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот предупреди…