Исмајлоска: Димова лаже!
Откако поранешната директорка на Националната агенција за образовни програми и мобилност, Лидија Димова ја спомена поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ Нола Исмајловска екпсресно ја демантираше.
Лидија Димова тврди дека наводно во јуни 2020 година, тогашниот премиер Зоран Заев – во присуство на Нола Исмајлоска – од неа побарал да ја повлече кривичната пријава за европски пари која тежела повеќе од 2 милиони евра.
Исмајловска која ја наследи Димова на чело на институцијата тврди дека тоа не е вистина и дека таква средба никогаш не се случила, ниту пак дека повлекла таква кривична пријава.
-Тоа е целосна невистина. Категорично ја отфрлам како неточна таа информација. Ниту како национален координатор, ниту во кое било друго својство не сум барала повлекување некаква пријава. Ме изненадува вакво прашање, бидејќи ниедна функција што сум ја извршувала, немала ингеренции за прашања од ваква природа, вели Исмајловска.
Да се потсетиме дека Лидија Димова беше разрешена поради неетичко дејствување откако во јавноста пукна скандалот дека дала европски пари за тренирање магариња како и фризерски салон.
Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска истакна дека согласно стандардните процедури не ги коментира одлуките донесени од ОЛАФ, бидејќи како што рече, тоа е тело на Европската унија за истражување измами.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборите во Израел без јасен победник: Арапите…
Претседателот на левичарската партија Демократи, Јаир Голан,…
Трамп: Наскоро состанок меѓу Путин и Зеленски
Американскиот претседател Доналд Трамп очекува дека наскоро…
Арагчи: Нов израелски напад врз Иран би…
Шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи предупреди…
Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на…
Потпретседателката на Главниот одбор на Српската напредна…
САД НАРЕДИЈА ЕВАКУАЦИЈА НА ДЕЛ ОД ПЕРСОНАЛОТ…
Американскиот Стејт департмент наредил повлекување на дипломатскиот…