Исплатливо обвинение: Трамп за неколку дена собрал речиси седум милиони долари за претседателската кампања во 2024 година
Претседателската кампања на поранешниот американски претседател Доналд Трамп соопшти дека тој собрал седум милиони долари откако беше обвинет минатата недела.
„Претседателот Трамп собра повеќе од 6,6 милиони долари откако „полудениот“ Џек Смит објави политичко гонење“, напиша кампањата на Трамп во е-порака до поддржувачите, мислејќи на американскиот адвокат кој го истражува случајот.
Повеќе од 4,5 милиони долари дојдоа од дигитално собирање средства, додека 2,1 милиони долари беа собрани од настан за собирање средства во вторникот во клубот Бедминстер на Трамп во Њу Џерси.
Портпаролот на Трамп, кој е фаворит за републиканската претседателска номинација во 2024 година, подоцна изјави дека собраните средства надминале 7 милиони долари од објавувањето на обвинението во четвртокот.
Трамп е обвинет за незаконско задржување доверливи владини документи откако ја напушти Белата куќа и за заговор и попречување на федералната истрага за тоа прашање. Трамп во вторникот пред судот се изјасни за невин по обвиненијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со порака до Иран: Време е…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…
Трамп ја откажа посетата на американските претставници…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…
(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…
Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…
Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…
Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…
Путин по разговорот со Трамп одржа состанок…
Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со…