Исповед на бугарски лекари кои лечеа пациенти од катастрофата во Кочани: Не можеме да се соземеме, како да се случила апокалипса
Докторите Тања Алексова и Румен Гоцев од Итната помош – Софија, беа испратени во Скопје, да помогнат со превоз на повредени во болницата „Пирогов“ во Софија.
„Сликите постојано ми се во глава, па дури и во моите соништа. И натаму не можеме да се соземам од она што го видов. Ќе треба време“, изјави Алексова.
„Од самиот почеток си го знаевме редот, се беше добро организирано. Не упатуваа километри од клиниката. Секој си го знаеше редот“, изјави Гоцев.
Тие двајца пристигнале за три часа во придружба на полициско возило.
„Во Скопје имаше страшна тишина. Како да имало апокалипса. Имаше организиран транспорнтен коридор низ улиците. Немаше луѓе, многу малку“, рече Алексова.
Нивната брза помош превезувала девојче од 16 години во многу тешка состојба.
„Имаше изгореници од висок степен на лицето и горните екстремитети. Беше збунета, на моменти зборуваше и прашуваше како се нејзините пријатели. Ова е ризичен транспорт, имаше процедури кои мораше да ги направиме. Не требаше да застанеме, се работеше во движење, затоа што целта беше побрзо да стигнеме до болницата во Софија“, изјави Алексова.
Вториот вокал на бендот ДНК бил во амбулантата на д-р Гоцев. Имал изгореници на горниот дел од телото, и рече дека кровот му се запалил пред очи. Ништо не ја претскажало апокалипсата што се случила подоцна. Кога почнал да трча, се сопнал и паднал покрај вратата и го видел целиот ужас од дискотеката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радев повторно се пожали дека „проблемите на…
„Европа мора да учествува во преговорите за…
Приведен маж од Кичево, возел автомобил без…
На 11.11.2026 во 21:30 часот на ул.„Магистрален…
Поскапуваат кредитите во Србија – централната банка…
Извршниот одбор на Народната банка на Србија…
Затвор за лажни вести што ќе го…
Со новиот Кривичен законик, кој е испратен…
Стуб најавува нова рунда преговори за Украина…
Средба на претставници на САД, Русија, Украина…