Истекува рокот за регистрација за изборите за претседател на СДСМ
Наредната недела Социјалдемократите ќе избираат претседател на партијата, откако по изборниот пораз Ковачевски си поднесе оставка од партиската функција. Рокот за регистрација на членовите на СДСМ кои ќе гласаат на внатрепартиските избори закажани за 30-ти јуни истекува денеска.
Изборите ќе одлучат за новиот лидер на партијата, со кандидати како Славјанка Петровска, Јован Деспотовски, Венко Филипче и Александар Бајдевски.
За избор на новиот претседател не е предвиден цензус, а за избран лидер на партијата ќе се смета оној кој ќе ја добие поддршката од мнозинството членови кои гласале на внатрепартиските избори.
Изборниот процес ќе биде организиран од Централната изборна комисија со помош на 80 општински комисии.
Претстојните избори ќе бидат трети внатрепартиски избори на кои претседателот на СДСМ ќе се бира со непосредно гласање на членството. По нивното воведување, првите се одржаа во март 2021 година кога екс-лидерот Зоран Заев доби нов мандат. Меѓутоа, за помалку од една година следуваа и вторите на кои победи Ковачевски откако токму Заев поднесе оставка по поразот на локалните избори во октомври 2021 година.
Партијата која беше на власт во последните речиси седум години, на изборите доживеа пораз и освои само 18 пратенички мандати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна од СДС, па продолжи…
Падот почна од СДС, Венко Филипче и…
Фала на поддршката ама и вие и…
Српски студент како глас на српските стденти…
Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…
Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…
ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…
СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…
Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…
СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…