(Видео) Историјата не ја даваат ама може да ја приватизираат: Министерот Љутков бара да се приватизира културното наследство да може да прави бизнис од него
Министерот за култура и туризам смета дека во последните години има загрозување и уништување на културното наследство и штетата е од големи размери.
За културното наследство Зоран Љутков смета дека се потребни законски измени во делот на културното наследство како и национална стратегија за сите објекти кои се под заштита. Како главен проблем го потенцираше и непостоењето на инфраструктурата на многуте објекти кои спаѓаат под културно наследство, а како пример го зеде Кокино кое воопшто нема струја.
Решението според Љутков за издигање на културното наследство е менување на законот со што ќе се овозможи на приватниот сектор да може да прави бизнис од него и на тој начин да се материјализира целата работа.
„Затоа ние денес разговараме за законски измени да може да се отвори структурата како владини институции нашето културно наследство да го дадеме на приватниот сектор за да може да прави бизнис од него. На тој начин со приватно јавно партнерство може да се материјализира целата работа. Целиот свет се отвори на тој начин, а само ние останавме да го штитиме и да го затвораме. Јас ќе жалам ако сега не ги отвориме законите и не направиме промени“ изјави Љутков.
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков зборуваше за брутализмот ѝ за тоа што се случило со него до 2017 година. Според него тоа не може да го оцени и оправда како правилна насока или прикривање на едно архитектонско дело и лепење врз него друго дело. Љутков смета дека нештата може да се сменат и вратат на првобитниот изглед, бидејќи се само прикриени, но не ѝ уништени како олеснителна околност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел да се повлече од Либан, а…
Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека војната…
Преспанското Езеро е повисоко за 53 сантиметри,…
Преспанското Езеро на 7 септември имало 53…
Трамп: Путин сака договор за завршување на…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, вечерва изјави дека…
Лавров по инцидентот со авионот на Зеленски:…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Трамп поделил големи бонуси за свои помошници,…
Претседателот на САД, Доналд Трамп им подари…