Истрага за вработен во „Национални шуми“ – добивал по 200 евра месечно за дозволи за сеча на дрва
Вработен во „Национални шуми“, подружница „Беласица“ во Струмица во период од септември 2020 до ноември 2024 година на неколку лица им овозможил да добиваат дозволи за селска сеча, а потоа дрвата да ги продаваат на трети лица. За возврат директно барал и добивал поткуп од 200 евра месечно.
Од Основното јавно обвинителство Струмица информираат дека е донесена наредба со спроведување на истражна постапка за примање поткуп против службено лице.
„Вработениот во ‘Нацинани шуми‘ подружница Струмица е затекнат како прима поткуп од едно од лицата, кое по претходен телефонски разговор е договорено да му исплати пари со цел да изврши селска сеча на планината Огражден“, се вели во соопштението од ОЈО Струмица.
На осомничениот, по предлог на јавен обвинител судуја на претходна постапка до Основниот суд во Струмица му е определен притвор од 30 дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Искршени плочи на гробишта во Скопје по…
По Задушница, скопјанец пријавил оштетување на гробно…
Пет дена боледување од матичен – Нови…
Од 1 декември се менуваат правилата за…
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…
Македонија направила сè што Европската унија побарала…
(Видео) Цистерна и комбе се судрија кај…
Цистерна и комбе утрово се судрија на…