Објавено на:

Исчезната е скопјанката Лидија, има деменција: Семејството бара помош

t

Исчезната е Лидија Велковска Бојчевска од Скопје. Жената има деменција, а нејзиното семејство вчера објави апел за помош при наоѓање на нивната најблиска.

Според информациите, жената последен пат била видена вчера околу 15:15 часот во дворот на училиштето „Петар Поп Арсов“. Од тој момент се губи секаква трага.

Семејството во објава на Фејсбук наведува дека во моментот на исчезнувањето Лидија била  облечена во розови тренерки и блуза со црно-бели линии.

Секој што има било каква информација или ја видел да контактира на телефонскиот број 070/399-945 или да ја информира полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кенијка омажена во Велес си заминала во…

Велешанецот К.Ш. (72), во тек на вчерашниот…

ПРОДОЛЖУВА ПОТРАГАТА ПО ВАЊА Полицијата ја барала…

Мајката Зорица Ѓоревска за дел од медиумите…