Исчезнат е 10-годишниот Петар во Мариово, го бараат прилепски ловџии и спасителна служба

t

Во тек е потрега по исчезнато 10-годишно дете во Мариово, а на социјалните мрежи се повикува секој кој може да помогне во потрагата.

На пат за Мариово се членови на Спасителната служба „Златоврв” заедно со група на прилепски ловџии.

Попладнево околу 16 часот во атарот на селото Врпско, во прилепско Мариово е изгубен 10-годишниот Петар Џобески од Прилеп. Неговото семејство апелира за помош секој кој може вечерва да појде во Мариово и доколку го познава теренот да помогне во потрагата која што е во тек.

Спасе Чакрески, жител на село Витолиште за Инфо Компас истакна дека станува збор за екстремно опасен терен и потенцираше дека ситуацијата дополнително ја усложнува тоа што детето е со посебни потреби.

Малиот Петар е загубен околу 16 часот, кога од дворот се упатил во непознат правец. Тие се жители на Прилеп, но во Врпско чуваат пчели. Ние неколку часа сме на терен заедно со полицијата и семејството, но засега нема никакви траги од детето. Упатувам апел секој кој го познава теренот да дојде и да помогне во потрагата. Оваа вечер можеби е пресудна за детето, бидејќи надвор е екстремно ладно, а детето заминало само по една блуза. Тука во близина е и реката Црна”, вели Чакрески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајдено 16-годишното девојче од Скопје кое исчезна

Полициски службеници го пронајдоа 16-годишното девојче кое…

Педофил допирал по телото малолетна штитеничка од…

Вчера во 16.00 часот во СВР Скопје,…

Прегазено дете велосипедист во Кавадарци: Со тешки…

Вчера во 12.30 часот во Полициската станица…

Скопјанец пријавил: Дете било нападнато на Бит…

На 16.10.2022 во 22:00 часот А.К.(51) од…

Жена и дете испаднале од трамвај во…

Во Нов Белград се случила несреќа во…