И адвокатот Пешевски му одговори на Мицкоски за амнестијата за 27-ми, абе еден пенал да шутнеше..
И адвокатот Пешевски му одговори на Мицкоски:
-Тие луѓе се обвинети за нешто што не го сториле. Тие луѓе бараат правда, не бараат амнестија, не бараат милост. Од тоа што јас сум информиран предметот е пред Врховниот суд и Јавното обвинителство доставило свое мислење и Врховен треба да одлучува и треба час поскоро да одлучи да го врати во прв степен, бидејќи тие се се, само не терористи,-Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Прво тие луѓе бараат правда а не милостина е моја реченица користена во повеќе јавни настани за овие осуденици па е срамота кога не подржуваш мој закон да ја користиш. Погрешно и лошо те брифираат кога што да кажеш.
Второ ова не е барање милостина ниту признавање вина. Ова е закон кој го бараат двајца адвокати а не осудените а целта е да истите искочат од затвор каде што скапаа а врховен суд слободно нека продолжи да си одлучува, па понатаму на располагање стојат и меѓународните инстанци. Ако ова не го знаеше можеше да прашаш.
Трето тврдам со години дека овие луѓе не се виновни и пробувам од срце да направам и да им помогнам, за разлика од други кој ги заборавија и сакаат да ги искористат за политичко поткусурување. Лесно е да се збори за правда од политичка фотеља а не баш така лесно од распаднат затвор!
Четврто провери каква јавна подршка доби предлог законот за нецели 24 часа откако беше откриен. Па овие луѓе поддршката од тебе ја доживуваа како завршена работа, на друго место требаше да се лобира а не обратно.
Петто кога ти местат да шутнеш пенал, шутни го, не викај офсајт беше…
Ајде имаш време да промениш став…, а крај краева па пратеник не си па до тебе и законот не е испратен.
Добронамерно ко за старт – Пешевски…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денес се празнуваат Светите седуммина младенци во…
Во времето на царот Декиј имаше големо…
Стабилно и топло време со температури до…
Сончево со мала до умерена локална облачност.…
Германски град препорача евакуација поради голем пожар…
Германски град во близина на белгиската граница…
„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на…
Основното јавно обвинителство за организиран криминал и…
ГЕРМАНИЈА ВО СЕПТЕМРИ НА ИЗБОРИ СЕ СООЧУВА…
Етаблираните партии, оние кои сега се власт…