Објавено на:

И во Црна Гора ќе буткаат режим со пенкало

t

Претседателскиот кандидат на Движењето „Европа сега“, Јаков Милатовиќ изјави дека е сигурен во својата победа и дека единствено прашање е колкава ќе биде разликата меѓу него и кандидатот на Демократската партија на социјалистите, Мило Ѓукановиќ, пренесе МИНА.

По гласањето во Подгорица, Милатовиќ изјави дека денеска е историски ден и посака изборниот ден да помине добро.

Верувам дека Црна Гора конечно е зрела како општество да ги смени претседателот и Владата со молив. Дека конечно станавме демократски зрело и развиено општество, рече Милатовиќ и додаде дека е сигурен во својата победа.

Според него, на овој начин ќе дојде до конечниот пораз на симболот на претходниот режим што владееше со Црна Гора во претходните 30-тина години. Тој рече дека во првиот круг разликата била над 70.000 гласови и оти смета дека тоа за Ѓукановиќ во моментов е недостижно.

Денес можеме само да зборуваме колку ќе биде голема разликата, а верувам дека ќе биде доста голема и дека Црна Гора конечно ќе биде, во целосна смисла на зборот, слободна земја, рече Милатовиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ципрас ја промовираше партијата ЕЛАС: „Нова политичка…

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас денеска официјално…

Трамп: Да ги броеше Исус гласовите, ќе…

Американскиот претседник Доналд Трамп денеска даде изјава…

Израел на работ на предвремени избори

Израел се приближува кон предвремени избори откако…

Вучиќ: Не се знае кој ќе биде…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се запраша…

Пратеничка удри по британскиот премиер Стармер по…

Британскиот премиер Кир Стармер, кој се опоравува…