И „Дедо Мраз“ меѓу уапсените 3.000 мигранти во Русија
Руската полиција приведе илјадници мигранти ширум земјата за време на новогодишните собири.
Десетици од нив се соочуваат со депортација, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на руски медиуми.
Околу 3.000 луѓе беа приведени во вториот по големина руски град Санкт Петербург за време на проверки за спречување криминал.
„Како што се испостави, повеќе од 600 од мигрантите се осомниќени за различни прекршувања на миграциското законодавство“, пренесува РИА, повикувајќи се на свои извори.
Повеќе од 100 од нив се соочија со депортација.
Маж од Таџикистан облечен како Дедо Мраз е меѓу мигрантите приведени во Москва.
Претседателот Владимир Путин во декември изјави дека во Русија има повеќе од 10 милиони работници мигранти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД: Во Масачусетс ќе се дозволува абортус…
Гувернерката од Демократската партија, Маура Хили, денеска…
ВО НАЈТЕШКИОТ МОМЕНТ ИЗБРАЛЕ ДА ПОМОГНАТ: Два…
Постојат одлуки што ја менуваат смислата на…
Русија веќе ја напаѓа Украина со севернокорејски…
Во масовниот руски напад врз Запорожје биле…
Два брода со повеќе од 200 туристи…
Два туристички брода се судрија денеска во…
Либан ја укинува смртната казна
Либанскиот парламент денеска изгласа укинување на смртната…