И денеска продолжува собраниската седница за реконструкција на Владата
Во Собранието денеска на пладне треба да продолжи дебатата за реконструкцијата на Владата, со која во владината коалиција влегува Алијансата за Албанците, која има осум пратеници, а излегуваат Алтернатива и Демократскиот сојуз. Пратениците од власта во дебатата на вчерашната собраниска седница за разрешување на министрите од Алтернатива со фокус на постигнатите резултати и европскиот пат на земјата, отфрлајќи ги тезите на опозицијата и барањата за избори.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, пак, со повторни барања за избори и обвинувања за корупција и криминал и „пазар 3“ разговори за новата коалиција со Алијанса за Албанците.
За премиерот Димитар Ковачевски одлуката за излегување од власта на Демократски сојуз не претставува никакво нарушување на стабилноста на владиното мнозинство, додавајќи дека е отворена можноста за соработка со партии и пратеници кои се за продолжување на европскиот пат на земјата.
Пратениците вчера и во попладневниот дел од продолжението на 104-тата собраниска седница продолжија со дебатата за Предлогот за разрешување на министри и заменици-министри од Алтернатива, односно за разрешување на министерот за здравство Беким Сали.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Луѓе се затворија во кафез пред…
Протестна акција, во која доброволци деноноќно ќе…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Владата најави можност за докуп на до…
Граѓаните на кои им недостигаат до 24…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Владата прави методологија струјата да не поскапи,…
Владата прави методологија за да се задржи…