И Додик како Мицкоски: ЕУ да го промени својот пристап, Република Српска не е ваша приказна
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека Република Српска е зајакната и рехабилитирана од новите позиции на новата администрација на Соединетите Американски Држави и дека чека и Европа да го промени својот пристап.
„Дали ја сакате Босна и Херцеговина во Европската Унија? Сакате. Тоа е наша работа, а не ваша. Вие дајте ни што треба да направиме, ќе видиме дали сакаме или не, а не вие да нè присилувате тука. Ова не е ваша работа“, рече Додик, пренесува РТРС.
Поради начинот на кој функционира дел од ЕУ, додаде Додик, може да се очекува многу брзо дека „некои овде во регионот ќе се збогуваат со ЕУ“. „Велат дека спасот за БиХ е ЕУ. Па, ЕУ не може да се спаси себеси без да ја спаси БиХ. Ова не е Европа од пред пет, 10 години, нема ништо што беше важно во Европа, слободата на движење и говор, владеењето на правото, сè се сруши, а тие сè уште зборуваат за некоја илузија, некоја лага“, изјави Додик пред новинарите во Бања Лука.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Многу сум му благодарен на Додик…
Српскиот претседател Александар Вучиќ и лидерот на…
Централната изборна комисија на БиХ одлучи: Одземање…
Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина,…
Додик пред седницата на ЦИК на БиХ:…
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, даде…
Додик во посета на Орбан: Благодарен сум…
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, објави…
Додик: Очигледно е дека Судот на Босна…
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави…