И Зеленски разговараше со Трамп: „Никој не го посакува мирот повеќе од Украина“

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека денеска разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за подготовка на нов документ за безбедност, економска соработка и партнерство за ресурси.

Зеленски на социјалната мрежа Х изјави дека тој и Трамп разговарале за можностите за постигнување мир и нивната подготвеност да работат заедно на ова на тимско ниво.

„Никој не сака мир повеќе од Украина“, напиша Зеленски , пренесува FoNet.

Портпаролот на украинскиот претседател Сергеј Никифоров изјави дека Зеленски и Трамп разговарале околу еден час, веднаш откако Трамп разговарал со рускиот претседател Владимир Путин.

Трамп на социјалната мрежа Truth Social напиша дека имал „многу добар“ разговор со Зеленски.

„Разговаравме за различни теми поврзани со војната, но пред се за средбата во петок во Минхен, каде што нашата делегација ќе ја предводат потпретседателот Џеј-Ди Венс и државниот секретар Марко Рубио. Се надевам дека резултатот од таа средба ќе биде позитивен. Време е да се стави крај на оваа апсурдна војна, која резултираше со масивни и непотребни смртни случаи и уништувања. Господ нека ги благослови луѓето на Русија и Украина“, напиша Трамп.

Претходно Трамп имаше повеќе од еден час разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со порака до Иран: Време е…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…

Трамп ја откажа посетата на американските претставници…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…

(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…

Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…

Ердоган: Турција е единствената што може директно…

Турција е единствената што може директно да…

Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…

Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…