И Морган Фримен е на „црната“ листа на Путин
Актерот Морган Фримен не изразил свое мислење за конфликтот во Украина, но повторно се најде на листата на луѓе на кои им е забранет влез во Русија. Зошто? Бидејќи Москва не заборавила во какво видео се појавил во 2017 година.
Руската влада најави нови санкции против речиси 1.000 американски државјани, со забрана за влез во земјата поради нивната поддршка за Украина за време на војната.
На црната листа на Кремљ има стотици американски политичари (вклучувајќи ги и претседателот Џо Бајден и државниот секретар Антони Блинкен), новинари, разузнавачи, универзитетски професори, американски претприемачи, како што се основачот на Фејсбук, Марк Закерберг и финансиерот и филантропот Џорџ Сорос.
Но, се издвојуваат и имињата на актерот Морган Фримен и режисерот и продуцент Роб Рајнер. Иако Фримен воопшто не се изјасни за војната на Русија против Украина, американскиот актер беше санкциониран затоа што се појавил во видео, режирано од Рајнер во 2017 година, во кое Русија беше обвинета за „заговор против САД“.
Видеото, во режија на Рајнер во 2017 година, е направено од непрофитната организација Комитет за истрага на Русија, невладина организација со цел да се шират информации за улогата на Русија на претседателските избори во 2016 година кога победи Доналд Трамп, а кој не е на црната листа на Москва, а видеото имаше и цел да се создаде дебата во државите за можните руски закани против американската демократија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Млада лаборантка почина од чума во Русија,…
Жена почина од белодробна чума во регионот…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…
САД им се заканија на Германија и…
Владата на САД ги предупреди Германија и…