Објавено на:

И на нив да не им носи “бугарска историја”: Румен Радев во посета на Црна Гора

t

Претседателот на Бугарија Румен Радев денеска ја започнува официјалната посета на Црна Гора на покана на неговиот црногорски колега Мило Ѓукановиќ, јави дописникот на МИА од Софија.

Бугарскиот претседател и неговата сопруга Десислава Радева ќе бидат пречекани од Ѓукановиќ и неговата сопруга со официјална церемонија во претседателската резиденција во старата црногорска престолнина Цетиње.

Претседателите на Бугарија и Црна Гора Румен Радев и Мило Ѓукановиќ ќе разговараат за продлабочување на билатералната соработка во економијата, образованието, науката, иновациите и технологијата, партнерството во сферата на безбедноста и одбраната, регионалната соработка во Југоисточна Европа, како и европска перспектива на Црна Гора.

Радев во Подгорица ќе биде примен од црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ и претседателката на Собранието на Црна Гора Даниела Ѓуровиќ.

Извор: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев денеска има разговор во „четири очи“…

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска има разговор…

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ ќе…

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ ќе…

ПЕТКОВ, НЕ ЛETAЈ ВО АВИОНОТ ВО КОЈ…

Пишува м-р Слободан ТОМИЌ Никогаш не сум…

Дали Петков ќе ја посети или не…

По вчерашната средба на бугарскиот политички врв…

Македонците да престанат со фалсификувањето на нашето…

Бугарија е најголемиот поддржувач на европската интеграција…