И Непалците бегаат од кај нас: 11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се
11 лица, сите државјани на Непал се затекнати во обид илегално да излезат од Македонија и во близина на граничниот премин Богородица да влезат во Грција. Откриени се и приведени.
„ На 15.5.2024 во 22.50 часот, полициски службеници Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ затекнале 11 лица државјани на Непал при обид за илегално преминување на државната граница од Република Северна Македонија во Република Грција. Лицата се приведени во Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица, известен е дежурен судија од Основен суд Гевгелија“ велат од МВР.
Сите 11 лица добиле решенија за напуштање на територијата на државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пет дена боледување од матичен – Нови…
Од 1 декември се менуваат правилата за…
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…
Македонија направила сè што Европската унија побарала…
(Видео) Цистерна и комбе се судрија кај…
Цистерна и комбе утрово се судрија на…
(Видео) Русија го остави Киев без струја,…
Жителите на станбениот комплекс Варшавски во Киев…