И полицијата на ноќна стража: Народот се самоорганизираше па ја натера полицијата да го чува гробот на Делчев уште од вчера

t

Гробот на Гоце Делчев е под полициска опсада. Три полициски возила, специјалци и полиција во цивилна облека го контролираат просторот пред Црквата Свети Спас.

„Десетина полицајци и специјалци дежурат пред Црквата Свети Спас. Иако прославата е закажана за 4-ти февруари, кога е најавено е доаѓањето на бугарските граѓани, полиција го обезбедува гробот на Делчев веќе втор ден“.

Полициските службеници проверуваат кој паркира и кој влегува во црквата каде се наоѓаат моштите и споменикот на македонскиот револуционер. Иако има уште 5 дена до 4-ти февруари, денот кога се одбележува раѓањето на Делчев, полицијата од вчера е распоредена таму за да се избегне било каква провокација или иницидент.

По речиси 8 децении, ова е прв пат гробот на македонскиот апостол да биде чуван од специјални полициски сили. Одлуката за распоредување на полицијата следи по најавите дека дел од македонците се самоорганизираат да го чуваат гробот, па дури и да поставуваат ноќни стражи, за да се избегнат нови провокации и навреди од Бугарите и нивните најави дека масовно ќе присуствуваат годишнината на 4 февруари.

Извор: Алфа

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Буркина Фасо ги забрани радио станиците Би-Би-Си…

Буркина Фасо ја забрани работата радио станиците…

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ го замениле името Македонија во…

Вечерва во ТВ соочување во емисијата само…

Пендаровски во Крушево: Не ни помислувам да…

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија,…

Се јави Бучковски: ЗНАМ на Максим Димитриевски…

И на изборите во 2006 година имаше…

УТРЕ Е ЛАЗАРОВА САБОТА: Наберете го ова…

Утре е Лазарова Сабота, еден од поголемите…