Каде е сега усбто на Николоски?! Врховниот суд го одби барањето на Груевски за преиспитување на пресудата за „Плацови на Водно“
Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Македонија на седницата одржана на 20.12.2023 година одлучуваше по поднесено барање за вонредно преиспитување на правосилната пресуда по предметот КВП-КОК2-бр. 16/23, познат во јавноста како „Плацови на Водно“.
Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Македонија донесе пресуда со која барањето на осудениот Н. Г. за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје КОК бр. 63/21 од 21.4.2022 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ бр. 127/22 од 14.2.2023 година го одби како неосновано, се истакнува во официјалното соопштение.
Груевски за „Плацови на Водно“ првостепено беше осуден на седум години затвор, а Апелација годинава ја преиначи пресудата и му ја зголеми казната на девет години затвор.
Да се потсетиме дека Христијан Мицкоски го обвини екс-премиерот Никола Груевски дека постоел договор за негова амнестија и враќање назад во државата во замена за пратеници за уставните измени. Ниту се случија уставните измени, ниту некој од пратениците на прашање на Инфомакс потврди дека биле контактирани за уставни измени, ниту пак Никола Груевски се врати во Македонија и беше амнестиран.
Очигледно се било една голема конструкција и лага лично на Христијан Мицкоски која имаше за цел да го оцрни најпопуларниот политичар во Македонија, а тоа е екс-премиерот Никола Груевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху ја губи поддршката за формирање влада,…
Позицијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во…
(Видео) Мицкоски: Опозицијата прави хистерија околу Алта…
Опозицијата прави хистерија околу Алта банка, вели…
Универзитетот во Белград алармира: БИА речиси една…
Универзитетот во Белград изрази загриженост поради сознанијата…
(Видео) Мицкоски: ЕУ останува стратешка определба, ставот…
Премиерот Мицкоски на денешната заедничка прес-конференција со…
ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција…
„Во куќата на Зоран Заев во Грција…