Објавено на:

Кадиров “воскресна”: Жив и здрав сум!

t

На официјалниот Телеграм канал на чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров, денеска е објавена видео снимка на која лидерот на руската република Чеченија ги отфрла тврдењата на социјалните мрежи дека неговото здравје е влошено, пренесе Ројтерс.

Запрашан за гласините дека Кадиров се лекува во болница во Москва, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, оваа недела рече дека нема информации за тоа.

Во видеото, чеченскиот лидер седи покрај креветот на човек за кој се вели дека е „нашиот драг чичко Магомед Абдулхамидович Кадиров“ и го бакнува во раката и главата. Не е јасно кога е направена снимката, пренесе БТА.

„Фала на Семоќниот, жив сум и здрав и воопшто не разбирам зошто да се крева врева дури и во случајот со мојата болест?“, стои во објавата за која се вели дека ја напишал самиот Кадиров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…

Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…

Воен авион се урна во Русија, загинаа…

Тешка авионска несреќа со воен авион се…

Русија се закани со нуклеарен одговор во…

Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…

Русија тестираше борбен ласер против беспилотни летала…

Припадници на руските единици за радиолошка, хемиска…