Кадиров ги повика сите руски институции да не чекаат

t

Шефот на окупираниот Крим, Сергеј Аксјонов, кој беше назначен од Русија, најави формирање на два доброволни баталјони на полуостровот како поддршка на повиците на Кадиров, пренесува Индекс.

Чеченскиот функционер Рамзан Кадиров ги повика сите институции во Русија да иницираат „самомобилизација“ и да не чекаат Кремљ да прогласи вонредна состојба. Кадиров смета дека секој федерален ентитет мора да ја докаже својата подготвеност да ѝ помогне на Русија со регрутирање најмалку 1.000 војници, наместо да држи говори и да одржува непотребни јавни настани.

Руската пропагандистка Маргарита Симонјан од РТ ја повтори потребата Русите доброволно да се приклучат на воените напори, а неколку лојални руски гувернери јавно го поддржаа говорот на Кадиров. Шефот на окупираниот Крим, Сергеј Аксјонов, кој беше назначен од Русија, најави формирање на два доброволни баталјони на полуостровот како поддршка на повиците на Кадиров, пренесува Индекс.

Руските сили во источна Украина веројатно ќе се борат да ги задржат своите одбранбени линии ако украинските сили продолжат да притискаат понатаму на исток.

Украинските сили продолжуваат со контраофанзивните операции во источна Украина, со што се зголемува притисокот врз руските позиции и логистичките линии во источен Харков, северен Луганск и источниот регион Доњецк.

Руски извори објавија дека украинските сили ги продолжуваат копнените операции југозападно од Изум, во близина на Лиман и на источниот брег на реката Оскил, наводно принудувајќи ги руските сили да се повлечат од некои области во источна Украина и да ги зајакнат другите.

Поразот околу регионот Харков го поттикна Кремљ да објави кампања за регрутирање на цела Русија. Вчера на социјалните мрежи беше објавено видео од регрутација на затвореници на кои Москва им ветува дека ќе бидат слободни по 6 месеци служба во војната. Се смета дека со овој чекор Кремљ се обидува да надомести за слабиот одѕив на повикот за регрутација кај младите Руси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Правевме модуларни болници за луѓето да…

Претседателот на СДСМ и поранешен министер за…

Тошковски: Седум жртви на фемицид имаше и…

„Како општество, еднаш засекогаш, мора да престанеме…

Познатиот Цацко: Тројца странски амбасадори ме убедуваа…

Познатиот македонски сатиричар Љупчо Бубо Каров, во…

Трамп: Војната со Иран е финансиски обезбедена…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека војната…

(Видео) Мицкоски по средбата со Кошта, фон…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува пакетот средства за…