Каевски: Нови 100 милиони евра поддршка од ЕУ, со уставните измени процесот на пристапување ќе се забрза

t

Процесот на интеграција во ЕУ, носи реални, конкретни и видливи резултати. ЕУ одобри макрофинансиска помош од 100 милиони евра за Република Македонија, со кои Унијата го поддржува планот на нашата држава за справување со енергетската криза и реформите важни за евроинтеграцискиот процес, соопшти Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ на денешната прес -конфернеција и додаде:

-Овие 100 милиони евра кои ќе се користат во 2023 и 2024 година, ќе бидат поддршка за фискалната одржливост и структурните реформи за фискално управување, даночната политика, управувањето со јавните инвестиции, јавно-приватните партнерства, деловното окружување, транспарентноста во државната помош, енергетската ефикасност, реформите во судството, како и борбата против корупцијата.

Ваквата поддршка е само последна во низата финансиска помош на ЕУ кон нашата држава. 

Претходно, македонската држава доби и 60 милиони евра преку ИПАРД 2 програмата,  нови, неповратни 97 милиони евра на располагање преку ИПАРД 3 програмата за модернизација на македонското земјоделство; 160 милиони евра за помош во ублажувањето на економските последици од пандемијата, како и грант од 80 милиони евра за справување со енергетската криза.

Сето ова се придобивки од процесот на интеграција кон ЕУ и доказ дека Унијата останува најсилниот и најпосветен наш партнер. 

Затоа, процесот на интеграција кон ЕУ, мора да продолжи и затоа е важно реформите да продолжат, преку носењето на потребните уставни измени. 

Секој пратеник, секој политички субјект има обврска и одговорност да даде поддршка на измените на Уставот со кои ќе направиме сериозен исчекор кон реализација на стртатешката цел – полноправно членство во ЕУ. 

Секој koj работи на блокирање на европската иднина на земјава работи против стратешкиот интерес за членство во ЕУ и против самата Европска Унија

Секој што дејствува против стратешката цел за членство во ЕУ,  работи и против македонскиот јазик во ЕУ.

А Мицкоски го прави токму тоа и на тој начин работи и против подобар животен стандард, повисок економски раст, повисоки плати и пристап до ново европски фондови.

Мицкоски треба да престане да одработува за туѓи интереси и да дејствува против ЕУ, а пратениците од ДПМНЕ, да се приклучат на процесот на реформите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ со трипати поголем рејтинг од…

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ужива убедлива доверба кај…

Мицкоски: Владата на СДСМ отворила пат Мацура…

Секој кој ќе ги исполни условите може…

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…

СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…

СДС никако да престане со умисла да…

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…