Каевски: Референдумската иницијатива доказ за антиевропската коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Левица
Иницијативата за референдум од Левица според Дарко Каевски, од СДСМ е уште еден обид на антииевропската коалиција помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Левица на неуставен начин да го блокира европскиот пат на државата.
-Единствени којшто се против ЕУ токму во оваа фаза во којашто се наоѓаме со почеток на преговорите и скрининг процесот се Христијан Мицкоски и Левица.
Криминалната антиевропска коалиција бара спас за својата фотеља, бара спас преку блокирања и штета врз државата.За среќа на граѓаните ова е уште еден неуспешен обид и овој обид нема да помине. Државата ќе продолжи и понатаму кон европскиот пат секако со сите придобивки којшто ги носи овој процес.
Македонија ги започна преговорите и скрининг процесот и како државотворна и одговорна партија верувам дека ќе продолжиме по вистинскиот пат, забрзан, се со цел час поскоро да ги завршиме обврските и да ги имаме придобивките којшто ги носи европскиот процес на нашата држава, вели Каевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…
„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…
СДС се познати по пропаѓањето на банки…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев соработуваа со луѓе…
Венко Филипче и Зоран Заев, по нивниот…
Петров: Изборот на Филипче за претседател на…
Поранешниот член на СДСМ, Андреј Петров, во…