Каевски: Сигурен сум дека ќе има лидерска средба и ќе се изгласаат уставните измени

t

Нашите ставови се јасни, вратата е отворена за сите партии кои имаат претставници во законодавниот дом, но и за тие кои немаат, а се на европскиот пат и ги делат ставовите, размислувањата и политиките, изјави пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски во „Утрински печат“.

Тој додаде дека члнеството во ЕУ е стратешка цел која треба заеднички да ја оствариме и затоа упати повик до сите партии и поединци кои исто размислуваат дека има простор за понатамошна соработка.

„Во периодот што следи ќе иницираме разговори со сите политички чинители, бидејќи важно е да се разговара и аргументира. Она што сега опозицијата го право е само водење инает, без аргументи“, рече Каевски.

Пратеникот од СДСМ додаде дека ќе се организираат средби и консултации и дека ќе се соочат фактите и аругментите, бидејќо само со дијалог може да се дојде до решение.

„Блокирањето не носи корист никому, а носи само штета. Верувам дека ќе се случат средби, вклучително и лидерска средба и дека до крајот на годината ќе има мнозиснтво што ќе гласа за уставните измени“ , заклучи Каевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ги преместија Рубио, Хегсет и Бесент…

Американската влада проценува дека заканата од ирански…

Следува променливо облачно и потопло време, од…

Следува период на променливо облачно време со…

Хакери поврзани со Северна Кореја планирале да…

Компанија за кибербезбедност и управување со глобални…

Уапсен 19-годишен Македонец во Белград за обид…

По налог на Вишото јавно обвинителство во…

САД се подготвуваат за нов напад? Третиот…

Американскиот носач на авиони „УСС Теодор Рузвелт“…