Каевски: Членството во ЕУ носи повисоки плати и пензии

t

Економските политики на СДСМ во изминатите години создадоа поволна бизнис клима и услови за покачување на платите и пензиите, за подобрување на стандардот на граѓаните, изјави пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски на прес-конференцијата.

Тој додаде дека ,,за само една година имаме рекорден прилив за 753 милиони евра директни странски инвестиции, паралелно со најголемо зголемување на минималната плата, просечната плата и пензиите’’.

СДСМ го оствари ветувањето и минималната плата ја зголеми од 8.000 денари во време на ДПМНЕ на 21.000 денари, додаде Каевски.

,,Просечната плата ја зголемивме од 20.000 денари на 36.000 денари.

Просечната пензија исто така ја зголемивме и тоа за 60% а минималната пензија за 47%.

Со членство во ЕУ платите, пензиите, инвестициите драстично ќе се зголемат.

Државите коишто се зачлениле во Унијата, во првите 5 години имаат и до 100-проценти зголемување на платите за работниците.

Поддршката за земјоделието, за нови патишта, школи, градинки, ќе биде драстично поголема.

За земјоделците и за компаниите се отвора пазар до 500 милиони жители и пристап до различни и огромни фондови за финансиска поддршка.

Бидејќи земја членка на Унијата добива 11 пати поголема европска помош од ЕУ – фондовите по глава на жител, од земја кандидатка.

Членството во ЕУ по членство во НАТО најмногу ќе влијае на подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Со членството во НАТО го обезбедивме мирот, стабилноста и безбедноста на државата и граѓаните.

Членството во ЕУ е нашиот светилник за подобар живот, поголеми плати и пензии.

Јасно е дека оние коишто го кочат напредокот на европскиот пат, кочат поголеми плати, пензии, кочат подобар живот за граѓаните.

Имаме реална, дофатлива можност, со глас за Европа и уставни промени да обезбедиме продолжување на европската интеграција и подобар животен стандард на граѓаните.

Не смееме да дозволиме да ја пропуштиме оваа историска, не смееме да влеземе во неизвесност и изолација.

Затоа што прекинување на европски пат значи и економска неизвесност’’, изјави Каевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бесплатен интернет на 72 локации во 64…

Вкупно 72 локации во 64 општини низ…

ЕУ ќе воспостави присуство на својата воена…

Советот на Европската Унија одлучи да воспостави…

Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…

Македонија направила сè што Европската унија побарала…

ЕУ ги почна преговорите за бесплатен роаминг…

Европската комисија ги започна преговорите со Србија,…

Урсула фон дер Лајен следната недела во…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…