Казахстанскиот претседател контра Путин: Не ги признаваме ни Доњецк, ни Луганск, ни Косово – Не сакаме хаос на планетата
Претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев, рече дека републиката не ги признава ЛНР и ДНР, бидејќи широката примена на принципот на нациите за самоопределување може да доведе до хаос.
„Пресметано е дека ако правото на народите на самоопределување навистина се оствари на земјината топка, тогаш наместо 193-те држави кои сега се членки на ОН, на Земјата ќе се појават повеќе од 500 или 600 држави. Се разбира, тоа ќе биде хаос. Поради оваа причина, нема да ги признаеме ниту Тајван, ниту Косово, ниту Јужна Осетија, ниту Абхазија и Доњецк“, рече Токаев за време на дискусијата на пленарниот состанок на Санктпетербуршкиот меѓународен економски форум (СПИЕФ), одговарајќи на прашање на модераторката Маргарита Симонјан.
„Ова е искрен одговор на едно искрено прашање“, додаде тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина и Русија покажале „мала флексибилност“ за…
Украина и Русија во неформални разговори покажале…
Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…
Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…