Како на филм: Косовски државјани приведени откако дивееле на автопатот од Градско кон Скопје со мигранти од Кина
Двајца косовски државјани се приведени откако синоќа, на автопатот од Градско кон Скопје, со возило пренесувале осум мигранти од Кина и се обиделе да избегаат од полицијата. Потерата завршила со сообраќајки, оштетена инфраструктура и физички напад врз полицаец, по што осомничените биле совладани и приведени.
– На 31.07.2025 околу 22.30 часот, полициски службеници ги лишиле од слобода Г.Л.(24) и Б.Л.(18), двајцата од Косово, затоа што во возилото „фолксваген кеди“ со косовски национални ознаки, кое го управувал Г.Л., а совозач бил Б.Л., биле пронајдени осум лица мигранти од Народна Република Кина. Имено, околу 21.40 часот возилото било забележано како се движи на автопатот од Градско кон Скопје, не застанало на даден знак за запирање и продолжило со движење – се вели во соопштението од МВР.
Додека бегал од полициските патроли, возачот со возилото ја оштетил наплатната станица Градско, во Катланово, во движење удрил во возило „опел инсигниа“ со странски регистарски ознаки, а направил штета и над мотоцикл со македонски регистарски ознаки.
Потоа ја оштетил и рампата на наплатната станица Петровец. Откако продолжил со движење, кај клучка Приштина на обиколница Скопје возачот изгубил контрола и со возилото излетал од патот, по што и физички нападнал полициски службеник во обид да избега, но бил совладан и лишен од слобода.
При преземање мерки за запирање на возилото, полициски службеници испукале предупредувачки куршуми, при што никој не бил повреден. Лицата биле задржани во полициска станица, а мигрантите биле сместени во транзитен центар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пет земји од ЕУ преговараат за центри…
Германија, Австрија, Данска, Холандија и Грција денеска…
Италија го продолжи суспендирањето на Шенген со…
Италијанската влада најави 15-дневно продолжување на суспендирањето…
Санчез ги обвини Русија и Израел за…
Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека сè…
Десет турски државјани се обиделе нелегално да…
Околу 00:40 часот по полноќ, полициски службеници…
Во Сеута останаа 5.000 мигранти, од кои…
Околу 3.800 мигранти кои пристигнаа од Мароко…