Калајџиев: Спинуваат сега, се плашат од српско сценарио
Рано е за оценки, не знаеме искрено до каде се истраги, а што е пи-ар. Спинуваат сега, се плашат од српско сценарио, коментира за „Слободен печат“, професорот Гордан Калајџиев на нашето прашање дали власта се амнестира од одговорност од трагедијата што се случи во Кочани во која загинаа 59 млади, со оглед на тоа што вчера се апсеа функционери од поранешната власт, а градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов се уште нема статус на осомничен.
Тој во низа коментари на Фејсбук ја коментираше трагедијата и во дел од нив порача дека партиите не можат да се борат со корупцијата.
-Тие се легло на корупција. Само независен обвинител може да ја води таа борба -напиша тој.
Тој исто така го постави прашањето „Како со еден фалсификат се оди во притвор, а со друг на функција“ алудирајќи на контроверзната диплома и сертификатот по англиски јазик на сегашниот директор на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски.
Во статусите освен, сегашниот премиер Христијан Мицкоски кој порача „за уши ќе ги вадиме дома“, тој потсети и на изјавата на поранешниот премиер, Зоран Заев, „живи луѓе ќе јадеме“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Савески за Алта банка: Секоја кривична пријава…
Јавното обвинителство ќе постапува по секоја кривична…
Сведок: Обвинетите полицајци од Пробиштип биле испратени…
Полициските службеници Мартин Арсовски и Дарко Милошевски…
Со јајца и зеленчук гаѓан автомобилот на…
Посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула…
Влегол во стан и се обидел да…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.К.(39)…
Велика Британија воведе нови санкции за руските…
Велика Британија воведе нови санкции против руски…