Календар на МПЦ: Денес се празнува Светата великомаченичка Ефимија

t

Според календарот на МПЦ денеска се празнува Светата великомаченичка Ефимија.

Родум од Халкидон. Татко ѝ беше сенаторот Филофрон, а мајка – Теодорисија, обајцата благочестиви христијани. Ефимија беше прекрасна девица и по тело и по душа. Кога антипатот Приск устрои празник за жртвопринесување на Ареј во Халкидон, тогаш четириесет и деветмина христијани за да го одбегнат тоа скверно жртвопринесување се сокрија.

Меѓутоа, ги пронајдоа и ги изведоа пред Приск. Меѓу нив беше и Ефимија. Кога надмениот Приск ги запраша зошто не ѝ се покоруваат на царската заповед, тие одговорија:

„И на царската и на твојата заповед треба да ѝ се покориме, ако не Му се противи на небесниот Бог; ако пак се противи на небесниот Бог, не само што не треба да ѝ се покоруваме туку треба и да ѝ се противиме.“

Тогаш Приск ги стави на разни маки, и тоа деветнаесет дена по ред, секојдневно. Дваесеттиот ден ја одвои од останатите Ефимија и почна да ѝ ласка за нејзината убавина за да ја придобие за идолопоклонството. А, бидејќи сите ласкања пропаднаа залудно, заповеда да ја мачат девицата. Ја мачеа прво на тркало, но ангел Божји ѝ се јави и го искрши тркалото. Потоа, ја фрлија во огнена печка, но со Божја сила беше сочувана.

Кога го видоа тоа, двајцата војници Виктор и Состен поверуваа во Христа, заради што беа фрлени пред ѕверовите и така славно го завршија својот живот. Потоа, Ефимија беше фрлена во ров исполнет со вода и со секаква отровна нечистотија, но таа ја прекрсти водата кога влезе во ровот и остана неповредена. Најпосле, ја изведоа пред дивите ѕверови, таа со благодарност Му се помоли на Бога и го предаде својот дух. Нејзините родители чесно го погребаа телото. Пострада во 304 година и се пресели во вечната радост. Се споменува и на 24 јули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска се празнува Преподобен Григориј Декаполит

Роден е во Декапол Исавриски, од Сергиј…

Денес се сеќаваме на Светите маченици Гуриј,…

Гуриј и Самон беа угледни едески граѓани.…

Денеска е Свети Павле Исповедник, патријарх Цариградски

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Денеска е Свети…

Епископот Марко устоличен во новата Делчевско-каменичка епархија…

Во црквата Успение на Пресвета Богородица во…

Денес се празнува Свети Софрониј, патријарх Јерусалимски

Роден е во Дамаск од угледни родители.…