Објавено на:

Калин славеше во првото коло на турнирот во Дубровник

t

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски славеше во првото коло на турнирот во Дубровник против Италијанецот Матео Донати со 2-1 во сетови, односно 1-6, 6-3 и 6-0.

Ивановски имаше лош старт на натпреварот, а тоа го искористи италијанскиот тенисер кој доминираше и го доби првиот сет со 6-1, но тоа го разбуди младиот македонскин тенисер кој го декласира ривалот во следните два сета.

Македонскиот тенисер најпрво го доби вториот сет со 6-3, а потоа не му дозволи на Донати да освои ниту гем и со 6-0 го потврди пласманот во второто коло, каде што ќе игра против победникот од дуелот меѓу Алдин Сеткиќ и Емил Дапчевиќ.

Ивановски заедно со Лука Миркут утре ќе се бори против Марко Баничевиќ и Кристијан Кајго Тумбас за пласман во полуфинале во двојки.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одржан 51 „Марш за ангелите“ во Кочани:…

Во Кочани денеска, 14 ноември 2026 година,…

Србија го раскинува договорот со зетот на…

Српската влада донела одлука за раскинување на…

Во Штип се одржа традионалната „Егејска вечер“…

Македонците кои живеаат во соседните држави, како…

Демонстранти во Тирана се обидоа да упаднат…

За време на денешниот протест во Тирана,…

Италија ја казни „Мета“ со рекордни 805…

Италијанската Агенција за заштита на личните податоци…