Објавено на:

Камионџија од Босна и Херцеговина убиен во САД по расправија на семафор!

t

45-годишниот Џемал Чардаковиќ е убиен вчера во Соединетите Американски Држави, во Њу Хемпшир, во близина на трговски центар, јавуваат локалните американски медиуми, а пренесува Klix.ba.

Според официјалните информации, Чардаковиќ бил убиен од 22-годишниот Тајрис Харис, кој по пукањето бил уапсен и обвинет за две точки за убиство со огнено оружје. „Харис го убил Чардаковиќ пукајќи во него, а околностите покажуваат крајна рамнодушност кон вредноста на човечкиот живот“, соопшти полицијата.

Како што истакнуваат медиумите, до пукањето дошло во моментот кога Харис, управувајќи џип, застанал на семафор пред Чардаковиќ, кој управувал камион. Возачот на камионот излегол од возилото за да разговара со Харис, кој потоа го застрелал.

Во кабината на камионот имало две деца

Пред дискусијата на семафорот, а и по убиството, Харис наводно го попречувал сообраќајот и другите учесници во него возејќи несовесно одреден период.

Очевидци кои биле на местото на настанот велат дека во кабината со Чардаковиќ имало и две деца.

Убиениот Чардаковиќ живеел во Америка повеќе од две децении, бил оженет и татко на три деца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Или сте со нас, или против нас“…

Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…

Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…

Вкупно 757 американски војници се ранети од…

Америка крие тела на четири вида вонземјани,…

Научник, кој со децении работел со програмата…

Долгот на САД за првпат надмина 40…

Јавниот долг на САД за првпат ја…

Венецуела половина од произведената нафта ја испорачува…

Околу половина од нафтата што моментално се…