Објавено на:

Камион усмрти пешак на регионалниот пат Градско – Велес

t

Загина 89-годишен росоманец, во него удрило товарно возило, информираше портпаролката на Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Денеска во ОВР – Кавадарци пријавено е дека во 18:55 часот на регионален пат Градско-Прилеп, во Росоман, товарно возило „сканиа“ со кавадаречки регистарски ознаки со приколка управувано од Р.Љ., на возраст од 45 години од Кавадарци, удрило во пешак К.Ѓ., на 89-годишна возраст од Росоман. Од повредите, на местото на несреќата починал пешакот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош – Кавадарци, соопштија од СВР.

Известен бил јавен обвинител и во тек е увид од страна на увидна екипа од ОВР – Кавадарци.

Во моментов, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп е во прекин и се пренасочува по регионалните патни правци Р103 и Р107.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Камион усмрти пешак на регионалниот пат Градско…

Загина 89-годишен росоманец, во него удрило товарно…

Возило излетало од автопатот Скопје–Велес

Во Дежурната служба на Мобилна единица за…

Автобус полн со Украинци се преврте во…

Најмалку две лица загинаа, а неколку патници…

Камион прегази велосипедист!

Тешка сообраќајна несреќа се случила на 18…

Во сообраќајка во Штип тешко повреден е…

МВР информира дека вчера претпладне околу 10:20…