Објавено на:

Канаѓанка призна дека се обидела да го отруе Доналд Трамп

t

Канаѓанка по име Паскале Ферие се изјасни за виновна за испраќање на заканувачко писмо со рицин, потенцијално смртоносен отров, до Белата куќа во 2020 година до тогашниот американски претседател Доналд Трамп.

Во писмото оваа жителка на Канада му порача на Трамп, тогаш кандидат за реизбор на функцијата претседател на земјата, „да се откаже и да ја повлече својата кандидатура“. Сепак, беше пресретната во септември 2020 година на услугата за сортирање пошта, пред да стигне до својата дестинација.

Ферие, 55, исто така се изјасни за виновна за испраќање слични заканувачки писма до службениците за спроведување на законот во Тексас. Според договорот со обвинителството, се очекува таа да оди во затвор во траење од 262 месеци, што е нешто помалку од 22 години, а пресудата е закажана за април.

„Во нашата земја нема место за политичко насилство, а нема оправдување за заканите кон функционерите и загрозувањето на јавните службеници“, изјави државниот јавен обвинител во Вашингтон.

Според обвинителството, таа преработувала рицинусово масло за да направи рицин, а потоа му го испратила на Трамп во писмо во кое тогашниот претседател го нарекува „одвратен тирански кловн“. Во писмото, меѓу другото, се вели: „Ако ова не ја заврши работата, ќе најдам подобар рецепт за друг отров и можеби ќе го користам мојот пиштол кога ќе можам да дојдам“. Уживајте. Слободен бунтовнички дух“.

Пријавената е уапсена додека се обидувала да влезе во САД од Канада преку граничниот премин Бафало во државата Њујорк, а со себе имала пиштол, нож и неколку стотици куршуми, соопштија властите.

Истрагата открила и осум контаминирани писма испратени до официјални лица од Тексас кои имале врски со објектите каде Ферие била приведена во 2019 година. Пораките создадоа „страв и стрес“ иако не успеаја да ги отрујат своите цели, рече американскиот обвинител во Тексас, Аламдар Хамдани.

Ферие се изјасни за виновна за овие прекршувања на забраните за биолошко оружје во два кривични случаи што беа покренати против неа во Вашингтон и Тексас.

Таа емигрирала од Франција во Канада и е двојна државјанка на тие земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Блискиот Исток „тотално надвор од контрола“

Поранешниот американски претседател тврди дека е единствениот…

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…

Трамп: Бајден е вистинската закана за демократијата

Поранешниот претседател вели дека предупредувањата на демократите…

Њујорк Тајмс: Лидерите на ЕУ во паника…

Владите на ЕУ испратиле претставници во САД…

Еспер: Трамп ќе направи САД да го…

Без САД да го одржуваат, блокот „ќе…