Кандидатот за нов канцелар предлага вонредна состојба во Германија

t

Кандидатот за нов канцелар на Германија сака следната недела да гласа за резолуција со која се предлага да се прогласи вонредна состојба во земјата поради приливот на илегални мигранти, објави денеска Билд.

Според изданието, Фридрих Мерц, кој е кандидат на конзервативната Христијанско-демократска и Христијанско-социјална унија (ЦДУ/ЦСУ), сака да прогласи вонредна состојба во врска со азилот, што ќе го заобиколи европското законодавство на германските граници.

„На мигрантите треба постојано да им се одбива влез на границите на Германија, а оние кои се законски обврзани да ја напуштат земјата треба да бидат притворени до депортација“, вели Билд.

Германската Федерална криминалистичка полиција во октомври објави дека во 2023 година, бројот на мигранти осомничени за кривични дела, без прекршување на законите за имиграција, се зголемил за 25,1 отсто во споредба со претходната година.

Во септември германската министерка за внатрешни работи, Ненси Фезер, нареди воведување привремени контролни мерки на сите германски копнени граници со цел да се намали протокот на мигранти како дел од борбата против терористичката закана.

Во писмото со објаснување до Европската комисија, Фезер рече дека ресурсите на земјата и одделните сојузни држави за прифаќање мигранти се „практично исцрпени“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Над 27.000 домаќинства иселени присилно во Германија…

Во Германија минатата година биле спроведени 27.446…

Милиони домаќинства во Германија ќе плаќаат поскапо…

Милиони домаќинства во Германија ќе плаќаат поскапа…

Германија: Поради финансиски и безбедносни проблеми откажани…

Повеќе божиќни базари низ Германија нема да…

СНЕМУВА БАКАР, ГЕРМАНИЈА БАРА ДА СЕ ПРАВАТ…

Во рудниците за бакар се потребни нови…

Мерцедес ги замрзнува инвестициите во Германија: На…

Иднината на производствените капацитети на „Мерцедес-Бенц“ во…