Капетан во италијанската морнарица осуден на 30 години затвор: Предавал информации на руската амбасада
Капетан на италијанската морнарица е осуден на 30 години затвор под обвинение за шпионажа за Русија, пренесе Ројтерс, повикувајќи се на БТА.
Педесет и шестгодишниот Валтер Биот беше уапсен во 2021 година додека на паркинг во Рим му предавал информации на вработен во руската амбасада.
Италија потоа протера двајца руски дипломати и го обвини Биот за продажба на документи кои вклучуваат доверливи информации на НАТО за 5.000 евра.
Адвокатот на италијанскиот капитен рече дека неговиот клиент не предал никаков доверлив материјал и дека ќе поднесе жалба на казната.
Воениот обвинител барал Биот да добие доживотна казна затвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…